Во хотелот „Мериот" се одржува конференција

Олимписката елита во Македонија

Македонскиот олимписки комитет, од вчера до недела, им е домаќин на Меѓународниот и на Европскиот олимписки комитет.

објавено: 19 мај 2017 - 12:05

Македонскиот олимписки комитет, од вчера до недела, им е домаќин на Меѓународниот и на Европскиот олимписки комитет. Во моментов во хотелот „Мериот" се одржува конференција, истата беше отворена од претседателот Васил Тупурковски, а свој збор ќе добие и градоначалникот Коце Трајановски.

На овој настан ќе се презентираат извештаите за претсојните Зимски олимписки игри во Пјонгчанг наредната година. Потоа ќе бидат опфатени и Младинските олимписки игри во Буенос Аирес (2018), Европските игри (Минск, 2019), Олимпијадата во Токио (2020), ЗОИ во Пекинг (2022 година). Наедно, извештај ќе поднесат и Светската антидопинг агенција и организаторите на зимскиот европски младински фестивал „Ерзурум" 2017, како и Европскиот младински олимписки фестивал во Ѓер оваа година.

Олимпискиот канал, спортскиот и финансискиот менаџмент, користењето на социјалните мрежи и еволуцијата на дигиталната комуникација, исто така, ќе имаат важно место на оваа конференција.

 

 

Најново во Други спортови