АВСТРИЕЦОТ Е ПОБЕДНИК НА ПРВАТА ЕТАПА НА ЏИРОТО

Пестлбергер ги изненади фаворититe во Сардинија

Австриецот Лукас Пестлбергер (Бора-Хансгрое) ги изненади спринтерите на првата етапа на 100. издание на Џиро Д'Италија, користејќи ја шансата од хаосот во финишот за да ја облече розевата маичка

објавено: 5 мај 2017 - 18:35

Австриецот работеше за заштита на спринтерите на неговиот тим, Сем Бенет и Матео Пелучи, но стана лидер на 2 километри пред финишот на етапата од Алгеро до Олбија на Сардинија успеа да направи предност пред Австралиецот Кејлеб Јуан (Орика Скот) и германскиот фаворит Андре Грајпел (Лото Судал).

„Сакав да поставам спринтерско финале за Сем, но одеднаш се направи предност. Слушнав на радиото како ми велат да одам на победа и одев до максимум“, вели Пестлбергер, за кого ова е деби на една од големите три трки.

1.ЕТАПА, АЛГЕРО-ОЛБИЈА, 206 КМ

1.Лукас Пестлбергер (Авт) - Бора-Хансгрое 5:13:35

2.Кејлеб Јуан (Авс) - Орика-Скот +0:00

3.Андре Грајпел (Гер) - Лото Судал +0:00

4.Џакомо Ницоло (Ита) - Трек-Сегафредо +0:00

5.Саша Модоло (Ита) -УАЕ Тим Емирати +0:00

Најново во Други спортови