СЛОВЕНЕЧКО ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА ЧЕТВРТАТА ЕТАПА

Поланц најбрз на Етна, Јунгелс е новиот лидер

По еден ден одмор на Џиро Д'Италија за преселба од Сардинија на Сицилија, велосипедистите имаа вистински предизвик пред себе - качувањето на вулканот Етна

објавено: 9 мај 2017 - 17:28

Словенецот Јан Поланц (УАЕ Тим Емирати) стигна до изненадувачка, но и заслужена победа во четвртата етапа на Џирото по 181 километри, откако нападна на почетокот на етапата за да издржи до финишот за неверојатна соло-победа.

„Беше многу тешко бидејќи предноста не беше голема и навистина не очекував да издржам. Искачувањето беше тешко поради силниот ветер. Ова е една од најголемите победи во мојата кариера“, вели 25-годишниот Словенец.

Русинот Илнур Закарин (Катјуша) го „преживеа“ раниот пад за да стигне до второто место и значителна предност пред ривалите за победа во генерален пласман, но нов лидер на трката е Луксембуржанецот Боб Јунгелс (Квик Степ),  откако неговиот клупски колега Фернандо Гавирија падна надолу во генерален пласман. Јунгелс има 6 секунди предност пред Британецот Герант Томас (Скај) и 10 секунди пред Адам Јејтс (Орика-Скот). 

Најново во Други спортови