По четвртина век

Американците конечно имаат јуниорска шампионка, Клер Лиу ја освои титулата на Вимблдон

Клер Лиу е првата Американка во јуниорска категорија по 25 година што ја освои круната на Вимблдон, а за подвиг и требаа три сета против сонародничката Ен Ли

објавено: 16 јули 2017 - 11:15

Клер Лиу е првата Американка во јуниорска категорија по 25 година што ја освои круната на Вимблдон, а за подвиг и требаа три сета против сонародничката Ен Ли. Лиу која е од Калифорнија ја совлада сонародничката од Пенсилванија со 6:2, 5:7, 6:2, а ова беше прво сеамериканско финале во Лондон по точно 38 години.

Во јуниорското финале денеска ќе играат Алехандро Давидович Фокина од Шпанија и Аксел Гелер од Аргеннтина, а потоа на ред е и главниот спектакл и финалниот дуел во сениорска конкуренција меѓу Роџер Федерер и Марин Чилиќ.

Најново во Други спортови