ЧЕХОТ НЕ ЈА ПОДОБРИ СВОЈАТА ИГРА

Бердих „раскина“ со Иванишевиќ

Најдобриот чешки тенисер, Томаш Бердих потврди дека се разделил со својот тренер, хрватскиот тениски великан Горан Иванишевиќ по серијата разочарувачки резултати

објавено: 5 јуни 2017 - 17:10

Бердих се поврза со шампионот од Вимблдон 2001, Иванишевиќ минатото лето и постоеја големи надежи дека токму тој ќе успее да ја претвори неговата форма во големи резултати на гренд слем турнирите. Меѓутоа, резултатите на Бердих дури одеа надолу - тој загуби во третото коло на Австралискиот опен и второто коло на Ролан Гарос.

Бердих не освои титула во 2017, со финалето во Лион како најдобар резултат. Иванишевиќ претходно работеше со Марин Чилиќ од септември 2013 до јули 2016 година, носејќи ја неговата единствена гренд слем титула на УС опен.

„Горан и јас нема да работиме повеќе заедно. Уживав во работата и ќе останеме добри пријатели. Му посакувам се најдобро во животот“, напиша Бердих.

Најново во Други спортови