БРИТАНЦИТЕ СО ПОВЕЌЕ „СЛУХ“ ОД ФРАНЦУЗИТЕ

Бирмингем и верува на Шарапова

Марија Шарапова доби вајлд-карта за настап на Аегон Класик турнирот во Бирмингем, откако потпиша договор за настап следните две години

објавено: 18 мај 2017 - 18:25

Шарапова е на 211. место на ВТА-листата по 15-месечната допинг-суспензија и оваа недела Францускиот опен реши да не и додели вајлд-карта за настап ниту на квалификациите на поранешната двократна шампионка.

Меѓутоа, луѓето во Британската тениска асоцијација (ЛТА) и веруваат доволно на Русинката за да и овозможат да игра на подготвителниот турнир за Вимблдон од 19 до 25 јуни. Се уште не се знае дали Вимблдон ќе и даде вајлд-карта на Шарапова.

„Ова беше одлука која беше тешко да се направи и знаеме дека нема да има целосна согласност. Марија ја отслужи својата суспензија и сега повторно игра квалитетен тенис. Сега, откако заработи директен влез на квалификациите на Вимблдон сакаме да дадеме можност британската публика да ја види пред тој турнир“, вели Мајкл Дауни, шефот на ЛТА.

Најново во Други спортови