МЛАДАТА ЕСТОНКА ГО ОСВОИ ДЕН БОШ

Деби-трофеј за Анет Контавеит

Естонката Анет Контавеит, една од новите ѕвезди на тениската турнеја, ја освои првата титула во кариерата, откако со 6:2/6:3 ја победи Русинката Наталија Вихљанцева во финалето во Ден Бош, Холандија

објавено: 18 јуни 2017 - 14:55

21-годишната Контавеит, која веќе имаше едно ВТА-финале и ја победи светската тенисерка број 1 Анџелике Кербер оваа сезона, го надмина падот во концентрацијата за да стигне до победа по час и 15 минути игра. 20-годишната Вихљанцева, уште една млада тенисерка, беше надиграна во првиот сет, но откако направи брејк за 3:1 водство во вториот, ги загуби следните пет гема.

Со оваа победа, Контавеит ќе скокне на 36. место на ВТА-листата во понеделник.

Најново во Други спортови