МАЛА ПОБЕДА СО ГОЛЕМА ВАЖНОСТ

Федерер победи, и си ги зголеми шансите на Вимблдон

Роџер Федерер си помогна самиот себеси пред Вимблдон, откако го помина Миша Зверев во Хале за да добие топ 4 рејтинг на Ол Ингланд клубот

објавено: 22 јуни 2017 - 19:30

Швајцарецот со 7:6(4)/6:4 го победи германскиот специјалист за сервис-и-волеј игра, за да се пласира во четврт-финалето, со што го помина својот сонародник Стен Вавринка пред третиот гренд слем во 2017. Вимблдон, за разлика од другите гренд слем турнири, своите носители ги утврдува и преку перформансите на турнирите на трева.

Поради ова Новак Ѓоковиќ ќе биде втор носител и покрај тоа што е четврти на АТП-листата, додека Федерер ќе биде пред Вавринка. Ова можеби на прв поглед изгледа како минорна работа, но на пример значи дека Федерер би избегнал дуел со Рафаел Надал до финалето, додека би се сретнал со Енди Мареј или Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на турнирот.

Најново во Други спортови