ПРОТИВНИКОТ НА СРБИНОТ СЕ ПОВЛЕЧЕ ПОРАДИ ПОВРЕДА

Ѓоковиќ во второ коло со осум освоени гема

На Новак Ѓоковиќ му беа потребни само осум освоени гема за пласман во второто коло на Вимблдон, откако Словакот Мартин Клижан се повреди во вториот сет

објавено: 4 јули 2017 - 17:15

Ѓоковиќ водеше со 6:3/2:0 по само 40 минути игра, пред Клижан да се повлече со повреда на бутниот мускул, иста каква што имаше пред две недели. Вториот носител имаше лесен брејк во двата сета и беше на пат до лесна победа.

Следен за него е Чехот Адам Павлашек од Чешката Република, откако тој го победи Американецот Ернесто Ескобедо во четири сета.

Во второто коло е и минатогодишниот финалист, Канаѓанецот Милош Раонич, откако со 7:6(5)/6:4/7:6(4) го победи Германецот Јан-Ленард Штруф, за конечно да му тргне сезоната на трева по поразот во првото коло на Квинс Клаб. Ова беше првпат од 2014, Раонич да не освои меч на трева пред Вимблдон, но таа 2014 стигна до полуфиналето на гренд слемот.

Раонич, кој се мачи со повреда на бутниот мускул оваа година, стигна до четврт-финалето на Австралискиот опен и четвртото коло на Ролан Гарос.

На Хуан Мартин дел Потро му требаа седум меч-топки за со 6:3/3:6/7:6(2)/6:4 да го победи Австралиецот Танаси Кокинакис за по осми пат да стигне до второто коло на турнирот. Дел Потро загуби два брејка во третиот сет, по што успеа да се врати за тај-брејк и потоа да го „умори“ помладиот противник.

Најново во Други спортови