Објавена е новата ВТА листа

Ѓорческа до нов сингл рекорд

Нашата најдобра тенисерка на последниот ранкинг пред настапот на Ролан Гарос се најде на 171 место во сингл, што воедно претставува и нов рекорд во нејзината кариера

објавено: 22 мај 2017 - 14:34

Лина Ѓорческа во очекувањето од настапот во квалификациите на Ролан Гарос, забележа нов, рекорден напредок на ВТА листата во сингл. Нашиот најдобар рекет со скокот од девет места сега е 171 тенисерка во светски рамки. Лина, во моментов има 313 поени на своето конто.

Македонската тенисерка во моментов се наоѓа во Париз каде што од вечерва ќе го дознае противникот во првото квалификациско коло.

Од машките рекети, пак, Томислав Јотовски имаше неверојатен пад од 62 позиции на АТП листата и со тоа го зазеде 828 место со 20 поени. Нешто слично може да се каже и за Горазд Србљак кој стави „минус" од 59 позиции и сега е 1.241 тенисер во светот.

Најново во Други спортови