Мал пад за нашата најдобра тенисерка

Ѓорческа застана на 175. место на ВТА листата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа пад од 4 позиции на најновата ранг-листа и моментно е на 175. позиција во финишот на месецот

објавено: 29 мај 2017 - 10:25

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа пад од 4 позиции на најновата ранг-листа и моментно е на 175. позиција во финишот на месецот.

Во сезоната на тенис на земјена подлога Ѓорческа успеа да стаса до најдобриот ранкинг во кариерата, до 171. позиција на која беше минатата недела.

По поразот во првото коло од квалификациите на Ролан Гарос, што и беше трето учество на гренд-слем, сега за Лина следуваат нови турнири на земјена подлога, на кои може да стаса до нови поени, во обидот да ја пробие границата 170.

Лидер кај дамите се уште е Анжелик Кербер, иако на сензационален начин испадна во првата рунда на гренд-слемот во Париз. Зад неа во топ-5 се Серена Вилијамс, Катерина Плишкова, Симона Халеп и Гарбиње Мугуруза.

Следната ранг-листа ќе се крои за две седмици, по завршувањето на Ролан Гарос.

Најново во Други спортови