ГОРАН ЗНАЕ НА ВСТИНСКИ НАЧИН КАКО ДА ГО МОТИВИРА МАРИН

Иванишевиќ со „златна“ порака за Чилиќ пред финалето

Хрватска има шанса денеска да го добие вториот победник во историјата на Вимблдон

објавено: 16 јули 2017 - 12:10

Марин Чилиќ и Роџер Федерер денеска од 15 часот ќе играат во финалниот меч на Вимблдон. Федерер е играч кој знае како се освојува трофејот на овој Гренд Слем, додека Чилиќ за прв пат е во финалето на најстариот тениски турнир во светот.

Хрватот се надева дека ќе го повтори успехот на неговиот сонародник Горан Иванишевиќ, кој се радуваше на титулата во 2001 година. Сега Чилиќ верува дека може и неговото име да биде запишано со „златни букви“. Токму Иванишевиќ имаше една важна порака до Чилиќ во пресрет на финалето.

„Не сакаш да го загубиш финалето на Вимблдон. Губев во три финалиња и на никого не му беше гајле, никој не ни знаеше дека сум играл во финалето. Кога ќе го освоиш турнирот, тогаш целиот свет ќе знае за тебе“, му порача Иванишевиќ на својот сонародник.

Чилиќ во кариерата се радувал на еден Гренд Слем и тоа во САД во 2014 година. Доколку сега победи на Вимблдон, ќе биде пвиот Хрват со два освоени големи турнири.

Најново во Други спортови