Македонскиот тенисер имаше успешен старт во Унгарија

Јотовски го доби маратонот со Бљешко во Будимпешта

Нашиот рекет во првото коло го совлада Хрватот Бљешко во три сета и по два часа и 45 минути на теренот имаше успешен почеток на фјучрсот вреден 15 илјади американски долари

објавено: 16 мај 2017 - 14:29

Томислав Јотовски тргна со победа на фјучр турнирот во Будимпешта. Нашиот тенисер на стартот од главниот дел во сингл, на натпреварувањето вредно 15 илјади американски долари, го победи Хрватот Домагој Бљешко во три сета со резултат 6:4, 5:7 и 6:2.

Јотовски и Бљешко одиграа еден маратонски меч кој траеше точно два часа и 45 минути, а на крајот токму Македонецот беше тој што се радуваше на пласманот во наредната фаза.

Во второто коло, Томи ќе игра против Јапонецот Кен Ониси, кој на стартот направи големо изненадување со елиминацијата на осмиот носител, Чехот Михал Шмид со 2:6, 6:4, 6:4.

Најново во Други спортови