Меч за титула на Телави опен

Јотовски подобар од вториот носител за прво финале во Грузија

Томислав Јотовски ќе игра за седмата титула во кариерата, утре на ИТФ турнирот во Грузија, откако денеска беше подобар од вториот носител Федерико Себалос

објавено: 15 јули 2017 - 13:26

Томислав Јотовски ќе игра за седмата титула во кариерата, утре на ИТФ турнирот во Грузија, откако денеска беше подобар од вториот носител Федерико Себалос.

На популарниот Телави опен, македонскиот тенисер одигра одличен меч и на двапати со 6:3 го надигра противникот од Боливија за ново финале во кариерата. Досега Јотовски има 6 титули на ИТФВ турнирите, овој во Грузија е со награден фонд од 15 илјади долари, а успех утре во финалето ќе му донесе и солиден напредок на светската ранг-листа.

Противник во финалето ќе му биде шпанскиот тенисер Гилјерме Оласо.

Најново во Други спортови