Двојна доза на радост за македонскиот тенисер

Јотовски со неверојатен потфат, за три часа преслуша двајца противници за полуфинале во Грузија

Томислав Јотовски приреди единствен подвиг и за само три часа, од 9 утрово до пладне, елиминира двајца противници на ИТФ турнирот од фјучрс серијата во Грузија

објавено: 14 јули 2017 - 13:00

Томислав Јотовски приреди единствен подвиг и за само три часа, од 9 утрово до пладне, елиминира двајца противници на ИТФ турнирот од фјучрс серијата во Грузија. Доволно за полуфинале, а авантурата можеше да заврши многу брзо.

Во осмнафиналето денеска од 9 часот рускиот тенисер Кристија Лозан имаше предност од 6:1 и 5:3, но македонскиот тенисер се надмина себеси и направи пресврт. Израмни на 1:1 во сетови, со победа во тај-брејк, а потоа го декласира Лозан со 6:1 за триумф од 2:1 во сетови.

По куса пауза, Јотовски мораше повторно на терен, сега против Георги Циваѕе од Грузија. Ривалот почна подобро, поведе со 6:4, но пак Јотовски се разигра и на двапати со 6:2 ги доби следните сетови и славеше со 2:1. Ривал во полуфиналето ќе му биде Федерико Себаљос од Боливија, кој е втор носител на турнирот.

Најново во Други спортови