Опасен подвиг на една од најмаркантните тенисерки

Каква легенда е Венус - На 37 години ќе игра за нова титула на Вимблдон

Венус Вилијамс пак ќе игра за титула на Вимблдон, а 37-годишната ветеранка денеска многу лесно ја „преслуша“ Џоана Конта со 6:4, 6:2

објавено: 13 јули 2017 - 17:19

Венус Вилијамс пак ќе игра за титула на Вимблдон, а 37-годишната ветеранка денеска многу лесно ја „преслуша" Џоана Конта со 6:4, 6:2. И на 20. за неа јубилеен настап на Вимблдон ќе има можност да го освои шесттиот пехар на терените на „Ол-Ингланд“ клубот. 

Венус го диктираше темпото и не и дозволи на Конта да ја израдува домашната публика и да има Британка во финалето на гранд-слемот. 

Противничка на Венус, во сабота, во финалето на турнирот, ќе и биде Гарбиње Мугуруза. Венус ќе го игра деветтото финале во Лондон, а Шпанката второто. 

Најново во Други спортови