НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА СВЕТСКАТА ТЕНИСЕРКА БРОЈ 1

Кербер нема да игра во Бирмингем

Светската тенисерка број 1, Анџелике Кербер го повреди бутниот мускул пред Вимблдон, по што се повлече од турнирот во Бирмингем

објавено: 18 јуни 2017 - 22:30

Германката исто така е несигурна дали ќе игра и во Истбурн неделата пред Вимблдон поради проблемите со левиот бутен мускул, иста повреда поради која се повлече од третото коло во Мадрид.

„Започна полека и потоа во саботата навечер повторно го почувствував. Истиот проблем од Мадрид. По Париз повторно тренирав, но сега не сакам да ризикувам“, вели Кербер, која загуби во првото коло на Ролан Гарос.

Таа е последното големо име кое се повлече од турнирот во Еџбастон по Симона Халеп и Марија Шарапова. 29-годишната Кербер играше лошо последните месеци и има само едно финале во 2017, во Монтереј во април, каде што загуби од Анастасија Пављученкова.

Најново во Други спортови