СВЕТСКИОТ РЕКЕТ БРОЈ 1 РЕАГИРА

Која е поентата ако се бројат само Грен слем турнирите?

Енди Мареј му одговори на Џон Мекинро, кој претходно изјави дека Британецот е далеку зад Федерер, Надал и Ѓоковиќ...

објавено: 19 јуни 2017 - 10:40

Енди Мареј е тенисер број 1 во светот, барем во овој момент. Во финишот на минатата сезона Британецот ги искористи сите видливи слабости кои с епојавија во играта на Новак Ѓоковиќ, па стигна до позицијата која долго ја сонуваше.
Но се чини дека ниту тој евидентен факт не беше доволен за еден Џон Мекинро го постави во првата „четворка" на светскиот тенис. Легендарниот американски тенисер смета дека Мареј не е на истото ниво како Федерер, Надал и Ѓоковиќ.
Сепак, Мареј има свое размислување на таа тема.

„Не ми е битно што мислат другите. Јас сум, да речеме, горд на олимписките медали. Во тенисот, многу луѓе едноставно ќе кажат, да тој е подобар затоа што има освоено повеќе Грен слемови. Ако е така, тогаш која е поентата на сето тоа? Тогаш сите оние други турнир не се важни. Ако ги погледнете трофеите, и се што тие момци освоиле, јас не можам да се споредувам со нив. Можеби постои нешто што јас сум го направил, а тие не. Но во најголем дел од работите сум четврттиот. Но тоа во последните 12 месеци не е така, затоа што бев подобар од нив во тој период"- сака да појасни Британецот по ова доста често дискутирано прашање.

 

Најново во Други спортови