ГЕРМАНЕЦОТ ПОДОБАР ВО ЕДНОСТРАНОТО ФИНАЛЕ

Колшрајбер со трофејот во Кицбил

Филип Колшрајбер стигна до осмата титула во кариерата, откако со 6:3/6:4 го победи Португалецот Жоао Соуса во финалето на Генерали опен во Кицбил, Австрија

објавено: 5 август 2017 - 16:01

47-рангираниот Германец се враќаше од брејк-негатива во двата сета и освои пет од последните шест гема за да победи на последниот турнир на земјена подлога оваа сезона.

Неговата победа доаѓа една недела откако се повлече од полуфиналето во Хамбург поради повреда на бутниот мускул. Колшрајбер, кој живее во Кицбил, ја освои титулата и пред две години, но оваа година има само уште едно финале - поразот од Борна Чориќ во Маракеч откако пропушти пет меч-поени.

62-рангираниот Соуса, кој има 0-2 во финалиња оваа сезона, одеше на трета титула во кариерата.

Најново во Други спортови