НАШАТА НАЈДОБРА ТЕНИСЕРКА ЕЛИМИНИРАНА НА ВИМБЛДОН

Лина даде достоен отпор на првата носителка

Ѓорческа загуби со 2:0 во сетови, во дуелот со фаворитката Круниќ

објавено: 28 јуни 2017 - 15:01

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа е елиминирана уште во првото квалификациско коло на Вимблдон. На неофицијалното светско тениско првенство, Ѓорческа загуби со 6:4, 6:4 во сетови, од Србинката Александра Круниќ. 

Двата сета беа речиси идентични. Уште на почеток, Круниќ направи брејк и таа предност ја задржа до крајот на сетот. Српската тенисерка е 99 место на ВТА листата и прва носителка во квалификациите. Минатата година стигна до третото коло на главниот турнир на Вимблдон.

За нашата Лина ова беше дебитантски настап на овој Гренд слем турнир.  

Најново во Други спортови