Нашиот најдобар рекет денеска го добива првиот противник

Лина на Ролан Гарос по трета гренд слем среќа

Квалификациите за вториот гренд слем во оваа година започнуваат од утре, додека Ѓорческа уште попладнево ќе го дознае првиот од трите опоненти кои стојат на патот кон пласманот во главниот дел од турнирот

објавено: 22 мај 2017 - 08:52

Лина Ѓорческа во Ролан Гарос ја бара третата среќа и првиот пласман на главниот дел во гренд слем турнирите. По настапите на УС опен и Австралискиот опен, Македонката се надева дека овој пат на земја, својата омилена подлога ќе успее да дојде до посакуваната цел.

Јасно е дека патот до таму нема да биде лесен, а сето тоа ќе биде познато во попладневните часови, каде што ќе го дознае првиот од трите противници. Квалификациите започнуваат од утре, и ќе траат до петок.

За потсетување, на УС Опен, Лина беше елиминирана во првото квалификациско коло, додека, во Австралија се „сопна" на последната пречка. Да се надеваме дека, најпрвин среќата ќе ја послужи во ждребот, а потоа и ќе демонстрира врвен тенис со кој повторно ќе ја израдува Македонија.

Најново во Други спортови