Лоши вести од Вимблдон

Лина загуби и во игра на двојки

Заедно со Русинката Полина Монова загубија од Американките Вејнхолд и Вориски со 3:6 и 6:7 (8)

објавено: 28 јуни 2017 - 22:42

Лина Ѓорческа поразена и на квалификациите во двојки!
Откако денеска прво загуби во првото квалификациско коло во сингл конкуренцијата за пласман на Грен слем турнирот Вимблдон од Србинката Александра Круниќ двапати со 6:4, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа претрпе пораз и во двојки.

Во првото квалификациско коло, заедно со Русинката Полина Монова загубија од Американките Вејнхолд и Вориски со 3:6 и 6:7 (8) за скоро два часа игра.

За пласман на главниот турнир победничките ќе играат против подобрите од дуелот Натела Џаламидзе (Русија)/Вероника Кудерметова (Русија) и Ирина Хромачева (Русија)/Марина Заневска (Белгија).

Најново во Други спортови