Хрватот ќе му биде противник на Квери за финале

Милер немаше сили за нов маратон, Чилиќ на свежина во полуфиналето на Вимблдон

Жил Милер не го издржа докрај новиот маратон во пет сета на Вимблдон и мораше да му честита на Марин Чилиќ на пласманот во полуфиналето на лондоснкито гренд-слем

објавено: 12 јули 2017 - 17:46

Жил Милер не го издржа докрај новиот маратон во пет сета на Вимблдон и мораше да му честита на Марин Чилиќ на пласманот во полуфиналето на лондонскиот гренд-слем. Тенисерот од Луксембург во претходното направи голема сензација со елиминација на Рафаел Надал, по тешка петчасовна битка во пет сета, а два дена подоцна одигра машки уште еден тениски маратон. Загуби од Чилиќ со 6:3, 6:7, 5:7, 7:5, 1:6, но секако ќе го памети најголемиот успех досега и настапот во четвртфиналето на Вимблдон. На турнирот одигра 5 меча, три од нив во максимални пет сета. Чилиќ до денеска имаше 12:0 во сетови, а беше посвеж од Милер и го доби првиот маратон за него на турнирот. Противник за финале ќе му биде Сем Квери, кој денеска попладне го елиминира актуелниот шампион Енди Мареј со 3:2. 

Најново во Други спортови