ШПАНЕЦОТ СО ПОСЕБЕН ПОДАРОК

Надал доби „десима“ рекет од „Баболат“

По освојувањето на рекордната 10. титула од Францускиот опен, Рафаел Надал доби голема финансиска награда, копија од Купот на мускетарите, а неговиот спонзор „Баболат" му додели специјален „ла десима" рекет

објавено: 17 јуни 2017 - 10:30

Надал, кој игра со „Пјур-аеро“ верзијата на рекетот, исто така реши да подели еден рекет од специјалната едиција на еден негов навивач.

„По финалето, ’Баболат’ ми го доделија навистина посебниот рекет. Како благодарност, давам еден на подарок“, напиша Надал на „Инстаграм“.

Најново во Други спортови