ИНТЕРЕСНА ИЗЈАВА НА ШПАНЕЦОТ:

Надал е светлосни години пред Ѓоковиќ

Тони Робредо вели дека „големата четворка" е погрешен концепт во тенисот и дека Роџер Федерер и Рафаел Надал се пред сите..

објавено: 17 јуни 2017 - 15:00

Иако не важи за тенисер од екстра класа, Тони Робредо се најде за повикан да ја коментира моменталната состојба во светскиот тенис.

Шпанецот смета дека таму не постои голема „четворка", туку нешто половично од тоа - тандем.

„Не би рекол дека постои 'четворка' туку двоец. За мене Надал и Федерер се на некое друго ниво, и во друга димензија. Рафа го освои Ролан Гарос, Монте Карло и Барселона по десет пати. Тоа е лесно да се изговори, но кога ќе се размисли подобро, то„а е неверојатно. Федере го нема шест месеци и понатаму е оној чија опрема е најпродавана во светот. Тие двајца се чудовишта".

Робредо не ги заборава "оценките" и за другите двајца тенисери од врвот.

„Сега Мареј е број еден и навистина е феномен, но Надал е икона поради она што го н прави – долговечност. Грен слем титули, Мастерси, влијание на медиумите, автограмите кои ги потпишал... Ако го споредите со Ѓоковиќ, кој исто така беше број еден и е спектакуларен, мислам дека разликата е голема – ако се погледне што едниот и другиот направиле за тенисот. Ги делат светлосни години. Можеби грешам".

Надал освои 15 грен слем титули во кариерата, или три повеќе во однос на Ѓоковиќ. И двајцата имаат по 30. Мастерс трофеи.
Робредо, кој во својата играчка кариера има освоено 12. титули, и некогаш беше петти тенисер во светот, седум пати стигна до четвртфиналето на Грен слем турнирите, смета дека од новата генерација на играчи најмногу шанси имаат Кријос и Зверев.

Најново во Други спортови