„КРАЛОТ“ НА ЗЕМЈА ГО УНИШТИ МЛАДИОТ АВСТРИЕЦ

Надал како воз преку Тим

Рафаел Надал повторно е апсолутниот „крал на земја". Шпанскиот тенисер дојде на една победа од неверојатна десетта титула од Ролан Гарос, откако со 6:3/6:4/6:0 го „збриша" Доминик Тим и обезбеди неделна финална пресметка со шампионот од 2015 година, Стен Вавринка

објавено: 9 јуни 2017 - 20:19

Надал му даде вистинска лекција за тенис на земјена подлога на младиот Австриец, Доминик Тим, доминирајќи за 6:3/6:4/6:0. Доколку во првите два сета постоеја стравувања дека 22-годишниот Тим може да му направи проблем на Надал, како што се движеше мечот стануваше јасно дека еден е „кралот на земја“.

Пред овој меч, Тим беше единствениот играч кој го победил Надал на земја оваа година, во полуфиналето во Рим, откако претходно Надал двапати го победуваше во финалињата во Барселона и Мадрид. Тим не успеа да покаже ниту малку од играта со која во четврт-финалето го победи Новак Ѓоковиќ.

Надал мечот го заврши со 23 директни победнички топки, но и 22 неизнудени грешки, и во ниту еден момент не ја загуби контролата на мечот.

Најново во Други спортови