Македонскиот тенисер го заврши настапот

НОВА ПОВРЕДА: Јотовски мораше да предаде во Будимпешта

Нашиот рекет во четврт-финалето мораше да го предаде мечот против Шпанецот Кун поради повреда на рамото

објавено: 18 мај 2017 - 13:17

Томислав Јотовски го заврши својот настап на фјучр турнирот во Будимпешта. Нашиот најдобар машки тенисер во мечот од четврт-финалната фаза против Никола Кун од Шпанија мораше да да го предаде дуелот, откако го повреди рамото.

Веќе по првиот сет, кој противникот го доби со убедливи 6:1 беше познато дека Томи не е на врвно ниво. Шпанецот тоа го искористи и во вториот сет кога дојде до предност од 3:0 во гејмови. Потоа следеше одлука на нашиот рекет дека е време за откажување.

Јотовски ќе замине на дополнителни медицински прегледи каде што ќе се констатира сериозноста на повредата.

За потсетување, тој во првите две кола одигра маратонски средби и на терените мина вкупно шест часа.

Најново во Други спортови