ДЕВЕТТИ ТРОФЕЈ НА ШВАЈЦАРЕЦОТ ВО СЕВЕРНА ГЕРМАНИЈА

Продолжува легендата за Роџер Федерер во Хале

Роџер Федерер има прати вистинска „закана" на своите ривали пред Вимблдон, откако го „уништи" Александер Зверев со 6:1/6:3 за по деветти пат да ја освои титулата на Гери Вебер опен во Хале

објавено: 25 јуни 2017 - 14:29

Швајцарецот беше полн со самодоверба и загуби само четири гема за уште една титула на неговиот омилен подготвителен турнир за Вимблдон. До победата на Федерер му беа потребни само 53 минути со што покажа дека поразот во второто коло во Штутгарт беше само мала „пречка“ и дека е подготвен да се бори и за историски осми трофеј на тревнетите терени на Ол Ингланд Клубот, каде што ќе пристигне како трет носител.

Освојувачот на 18 гренд слем титули не загуби ниту еден сет во Хале за да го освои својот 92. трофеј во кариерата, со што е на само две титули од второто место на вечната листа зад Иван Лендл. На прво место е Џими Конорс, со засега недостижни 109 трофеи.

Најново во Други спортови