СЕРИОЗНО ИСКУШЕНИЕ ЗА АКТУЕЛНИОТ ШАМПИОН

Рафа, Ноле и Стен чекаат „пад" на Мареј

Третиот Грен слем во оваа сезона, Вимблдон почнува утре, а титулата ја брани Енди Мареј. Шкотот е број 1, но лесно би можел да го загуби и првото место на АТП и титулата на неофицијалното светско првенство на трева.

објавено: 2 јули 2017 - 12:45

Дури тројца играчи можат да го тргнат Енди Мареј од местото број 1 на АТП листата. Тоа се Надал, Вавринка и Ѓоковиќ.

А основниот услов за Мареј да го задржи лидерското место во тенискиот поредок и после третиот Грен слем турнир – Вимблдон, е да се пласира најмалку во битката за трофејот, односно да „влезе" во големото финале.
Така ќе биде недостижен за конкуренцијата. Се друго пак им ги зголемува шансите на овие тројца тенисери.


Најголеми има Рафаел Надал, затоа што со самиот „влез" во големото финале на Вимблдон би станал новиот број 1. Пред се затоа шти и Надал и Мареј се наоѓаат во истата половина од ждребот, па евентуалниот нивни меч би бил проектиран во полуфиналето.
Победникот од тој дуел ќе биде и број 1 во наредниот период.
Но ако се знае дека Надал не беше на ниво на своите игри, барем не на тревнатите површини, тој и не е најголемиот конкурент на шкотскиот тенисер.
Прашањe е колку, и до каде може да оди и Стен Вавринка, кој е исто така на патот на Мареј и Надал. Со Мареј би играл уште во четвртфиналето, а со Шпанецот веќе во следната рунда – полуфиналето.
За да биде број 1, мора да ја освои титулата откако претходно ги „добие" и Мареј и Надал.
Единствениот кој не зависи само од своите игри на Вимблдон е Новак Ѓоковиќ. Трикратнито освојувач на Вимблдон дури и ако стигне до четвртиот пехар автоматски нема да се врати на првата позиција на АТП поредокот. За тоа ќе мора да му се поклопат и некои други резултати. На пример, Надал и Мареј да испаднат пред полуфиналето.
Затоа овие прогнози му носат и посебна специфика на најгламурозниот Грен слем во годината, кој стартува веќе од понеделник.

Најново во Други спортови