ПРОТИВНИКОТ НА ШВАЈЦАРЕЦОТ СЕ ОТКАЖА

Рекордна 85. победа на Федерер на Вимблдон

Роџер Федерер стигна до второто коло на Вимблдон откако Александер Долгополов не можеше да продолжи во вториот сет при 6:3/3:0 негатива, за Швајцарецот да постави рекорд од 85 сингл победи на гренд слемот на трева

објавено: 4 јули 2017 - 18:17

Слично како Новак Ѓоковиќ, кој помина во второто коло по откажувањето на повредениот Мартин Клижан, и Федерер помина само 43 минути на теренот, откако Долгополов се повреди.

Седумкратниот шампион од Вимблдон сега има 85-11 скор на Вимблдон, со што го помина Американецот Џими Конорс за сингл-победи на турнирот во Опен ерата (од 1968 година). Ова е 70. гренд слем турнир во кариерата на Федерер.

Најново во Други спортови