РУСИНКАТА НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ПРИТИСОК

Шарапова до Бушар - мојот тенис ќе го даде одговорот

Марија Шарапова вети дека ќе остави тенисот да ги даде одговорите во дуелот со Јуџини Бушар во второто коло на Мастерсот во Мадрид во тензичен меч

објавено: 7 мај 2017 - 22:00

Бушар ја нарече Русинката „измамничка“ и тврдеше дека таа треба да добие доживотна суспензија наместо вајлд-карти за настап на турнирите по 15-месечната суспензија поради позитивен тест на мелдониум.

30-годишната Шарапова вели дека има доволно искуство во јавноста за да се соочи со притисокот, откако го освои Вимблдон како 17-годишна девојка.

„Јас сум во центарот на јавноста од времето кога бев мало девојче. Слушнав многу работи. Ако се тоа влијае на мене и на мојата форма, тогаш ќе ми беше тешко. Мојот тенис зборува сам за себе и се фокусирам на тоа“, изјави Шарапова.

Шарапова има 4-0 скор против Бушар и со победа над неа ќе се доближи до место во квалификациите за Вимблдон во јуни без потреба за вајлд-карта.

„Би сакала да бидам на Вимблдон, бидејќи тоа е турнир кој многу ми значи“, изјави Шарапова.

Најново во Други спортови