РУСИНКАТА НЕМА МНОГУ СОЈУЗНИЦИ ВО МОДЕРНИОТ ТЕНИС

Шарапова ќе бара вајлд-карта на Ролан Гарос

Русинката ќе мора да преговара за настап на турнирот кој двапати го освојуваше

објавено: 3 март 2017 - 23:00

Марија Шарапова ќе се сретне со претседателот на Француската тениска федерација (ФФТ), Бернар Жудичели за да бара вајлд-карта на Ролан Гарос, турнир каде што во кариерата има освоено две титули. Жудичели изјави дека се согласил на состанок со Русинката, која отслужува 15-месечна казна за позитивниот тест на мелдониум во јануари 2016.

„Ќе се сретнеме со неа, ќе ги слушнеме нејзините аргументи и потоа ќе зборуваме со директорот на турнирот Ги Форже. Тогаш ќе одлучиме. Ситуацијата е комплицирана. Би сакале таа да се врати целосно рехабилитирана. Не можеме од една страна да ги зголемуваме парите за борбата против допингот, а од друга страна да и дадеме чиста покана“, вели Жудичели, кој стана претседател на ФФТ во февруари.

Шарапова, која беше шампионка во Париз во 2012 и 2014 веќе има вајлд-карти за настап во Штутгарт, Мадрид и Рим, но реално би морала да победи на турнирот во Штутгарт за да може да оди преку квалификациите во Париз. Последниот термин за квалификациите во Париз е веднаш по крајот на турнирот во Штутгарт, но пред турнирите во Мадрид (7-13 мај) и Рим (15-21 мај). Ролан Гарос оваа година почнува на 28 мај.

Најново во Други спортови