БЕЗ ПРОМЕНИ НА ВТА ЛИСТА

Шарапова, па Ѓорческа

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа остана на 180 место на најновата ВТА ранг листа. 

објавено: 26 јуни 2017 - 09:30

По големиот пад од 10 позиции минатата недела, Лина Ѓорческа остана на 180. место на најновата ВТА ранг листа. Нашата најдобра тенисерка која ќе настапи на квалификациите за Вимблдон има 310 бодови, исто колку и Русинката Марија Шарапова, која се најде на 179 место.

Во двојки, Ѓорческа е на 130. место, односно забележа пад од две позиции. 

Нашата најдобра тенисерка, Ѓорческа ќе се обиде да стане првата која ќе заигра во главната фаза во поединечна конкуренција на Вимблдон, кај жените.

На врвот на ВТА-листата е Анжелик Кербер, зад неа е Симона Халеп, по што следуваат Каролина Плишкова, Серена Вилијамс и Елина Свитолина.

Најново во Други спортови