РУСИНКАТА ПОЛЕКА СЕ ВРАЌА ВО ФОРМА

Шарапова победи во Рим, обезбеди квалификации за Вимблдон

Марија Шарапова имаше сигурен старт на настапот на Мастерсот во Рим, откако со 6:4/6:2 ја совлада Американката Кристина Мекхејл во првото коло

објавено: 15 мај 2017 - 16:07

Шарапова, која се врати на тенисот по 15-месечната суспензија поради позитивен тест на мелдониум, игра со вајлд-карта во Рим, и со влезот во второто коло на турнирот обезбеди сигурно барем присуство на квалификациите на Вимблдон, третиот гренд слем од сезоната, каде што е поранешна шампионка.

Утре, пак, организаторите на Ролан Гарос ќе одлучуваат дали Шарапова треба да добие вајлд-карта за настап на нивниот турнир (каде што исто така е поранешна шампионка) и ако биде потребно да има вајлд-карта, дали таа ќе биде за настап на квалификациите или на главниот турнир.

Најново во Други спортови