РУСИНКАТА ВЛЕЗЕ ВО ВТОРОТО КОЛО ВО ШТУТГАРТ

Шарапова со победнички кам-бек

Марија Шарапова се врати на тениските терени со пласман во второто коло на Порше ГП турнирот во Штутгарт, откако со 7:5/6:3 беше подобра од италијанската ветеранка Роберта Винчи

објавено: 26 април 2017 - 20:32

Ова беше прв меч за Русинката по 15-месечната суспензија поради позитивен тест на мелдониум, и дојде на првиот ден по крајот на казната, одлука поради која организаторите на турнирот во Штутгарт добија многу критики.

Сепак, петкратната гренд слем шампионка покажа дека долгата пауза не и пречела и се покажа во одлична форма дебитирајќи на тешката земјена подлога во Штутгарт, турнир каде што двапати беше шампионка и чиј главен организатор е нејзиниот личен спонзор Порше.

Следна за Шарапова е нејзината руска сонародничка Екатерина Макарова.

„Кога си во моментот, се обидуваш да блокираш сè и да се натпреваруваш. Јас сум борец по природа. Тогаш сум најдобра, кога ќе заборавам сè и само се натпреварувам“, изјави Шарапова, која доби поддршка од публиката.

Најново во Други спортови