РУСИНКАТА УЖИВА ВО ГЕРМАНИЈА

Шарапова веќе пристигна во Штутгарт

Марија Шарапова во петокот пристигна во Штутгарт, каде што следната недела ќе го има својот прв тениски меч од 26 јануари 2016 година по допинг-суспензијата за позитивниот тест на мелдониум

објавено: 22 април 2017 - 13:00

Русинката доби намалена казна од 15 месеци, и официјално треба да се врати на 26 април, иако турнирот во Штутгарт започнува на 24 април. Таа нема право да биде воопшто присутна на трибините пред крајот на суспензијата, но доби шанса да тренира пред дологочекуваниот кам-бек.

„Прекрасно е што првиот меч го играм на еден од моите омилени турнири. Едвај чекам да ги видам моите фанови и да се вратам на тоа што најмногу го сакам“, изјави Шарапова.

И организаторите на турнирот се пресреќни што Русинката која го освојуваше трофејот до 2012 до 2014 година го има кам-бекот на турнирот кој го носи името на еден од главните спонзори на тенисерката, Порше.

„Нејзиното враќање на Порше арената е прекрасен подарок за нашите гледачи и ќе биде важен момент на јубилејниот 40-ти турнир во Штутгарт“, вели директорот на турнирот, Маркус Гунтхард.

 

Најново во Други спортови