Шпанецот изгуби на земја

Тим го победи Надал во Рим

Австриецот во два сета го победи Надал и го приреди најголемото изненадување на турнирот во Рим

објавено: 19 мај 2017 - 18:26

Доминик Тим го направи најголемото изненадување на АТП турнирот во Рим. Австрискиот тенисер во четврт-финалето го победи Рафаел Надал со 6:4, 6:3 во сетови. Со тоа му го нанесе првиот пораз по трите освоени титули едноподруго во Монте Карло, Барселона и Мадрид и ја прекина низата од 17 победи едноподруго на Шпанецот.

За Надал ова беше последниот настап пред стартот на Ролан Гарос каде што ќе ја нападне десеттата титула во својата кариера.

Тим, пак, во полуфиналето за опонент ќе го добие подобриот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин Делпотро.

Најново во Други спортови