ГЕРМАНЕЦОТ СПАСУВАШЕ МЕЧ ТОПКА

Ветеранот Хас му го скрати престојот на Федерер во Штутгарт

Паузата од 10 недели очигледно делуваше лошо на шампионот од Австралискиот опен, Роџер Федерер, кој загуби во второто коло на Мерцедес купот во Штутгарт од 39-годишниот ветеран Томи Хас со 2:6/7:6(8)/6:4

објавено: 14 јуни 2017 - 18:40

Хас ја комплетира својата последна сезона на АТП-турнејата, но не е подготвен само за егзибициски мечеви. Во забавен меч, Хас успеа да го победи својот добар пријател Федерер во меч од 1 час и 54 минути за да стигне до своето прво четврт-финале од Рим во 2014 година.

Федерер, за кого ова е прв меч од финалето во Мајами, имаше подобар старт од мечот и со два брејка за да го освои првиот сет, по што имаше брејк предност и во вториот сет. Германецот се врати во следниот гем, по што во тај-брејкот спасуваше меч-топка пред да го добие со 10:8. Пред домашната публика беше доволен еден брејк за да го освои одлучувачкито сет.

Во четврт-финалето, Хас ќе игра со уште еден Германец, Миша Зверев. Ова беше прв пораз на Федерер во прв натпревар на турнир на трева од 2002 кога на Вимблдон загуби во првото коло од Марио Анчиќ. 

Најново во Други спортови