Веројатно очекуваа потопло време

Баските смрзнаа во Скопје, голманите на Реал Сосиедад тренираа во зимска опрема (Фото)

Фудбалерите на Реал Сосиедад веројатно очекуваа потопло време во Скопје, каде се уште има високи температури за овој период од годината, а голманите на баскискиот состав тренираа во зимска опрема

објавено: 18 октомври 2017 - 19:18

Фудбалерите на Реал Сосиедад веројатно очекуваа потопло време во Скопје, иако во нашиот главен град се уште има високи температури за овој период од годината. Интересно е што голманите на баскискиот состав тренираа во зимска опрема. Комплет со хеланки, а случајно беа токму во вардаровите „црвено-црни“ бои.

Реал Сосиедад вечерва нешто пред 19 часот го почна единствениот тренинг на „Филип Втори“ арената, а утре го очекува третиот испит во Л групата од Европа лигата против нашиот шампион Вардар. Мечот ќе се игра од 19 часот.