КАРПОШ СОКОЛИ ЈА ЗАГУБИ ЕВРОПРЕМИЕРАТА

Не помогнаа ниту Пеце, ниту Јоцо... (ФОТОГАЛЕРИЈА)

На тимот од Карпош овојпат не му помогнаа ниту Петар Наумоски, претседателот на МКФ, ниту пак сеуште актуелниот селектор на нашиот национален тим, Јорданчо Давитков, присутни на натпреварот одигран во празната ВИП Арена „Борис Трајковски" во Скопје.

објавено: 19 септември 2017 - 19:45

Силно посакуваа да победат, за прв пат во својата историја на постоењето да реализираат и победа во Европа. Но Калев Крамо ги спречи кошаркарите на Карпош Соколи во тие нивни обиди. Естонците играа со помалку осцилации, типично во нивни стил кој го негуваат и во репрезентацијата.

А на тимот од Карпош овојпат не му помогнаа ниту Петар Наумоски, претседателот на МКФ, ниту пак сеуште актуелниот селектор на нашиот национален тим, Јорданчо Давитков, присутни на натпреварот одигран во празната ВИП Арена „Борис Трајковски" во Скопје.

Следната шанса е за два дена во Талин... Таму, Давитков и Наумоски не успеаја во репрезентативниот обид да бидат подобри од Естонија, да се надеваме дека овој обид на „соколите" ќе биде многу подобар...