Втората титула од Купот е на менито во Струмица

Пелистер „крчка“ победнички рецепт (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пелистер зготви победнички рецепт, а утре треба само да се примени концептот за победа во Струмица, против Шкендија во финалето на националниот Куп

објавено: 16 мај 2017 - 21:32

Пелистер зготви победнички рецепт, а утре треба само да се примени концептот за победа во Струмица, против Шкендија во финалето на националниот Куп. Мечот се игра од 17 часот, а битолчани треба да се справат умешно и со традицијата, која не е на нивна страна против актуелниот бранител на пехарот. Шкендија има 5 победи во низа со Пелистер и 8 меча е без пораз. Утре сепак влогот е поинаков, ќе се игра за вредниот пехар, а битолчани го немаат освоено од 2001 година.