Мечот како да беше во втор план

Роденденски декор на „Комити“ - Слави Вардаре (Фотогалерија)

Роденденски декор подготвија „Комити“ како дел од својата прослава на 30-годишното постоење, но и на клубот за кого навиваат, Вардар, кој прослави 7 децении од формирањето во 1947 година

објавено: 19 ноември 2017 - 21:45

Роденденски декор подготвија „Комити" како дел од својата прослава на 30-годишното постоење, но и на клубот за кого навиваат, Вардар, кој прослави 7 децении од формирањето во 1947 година.

Верните навивачи го бодреа Вардар и му дадоа крилја да го победи Пелистер со 1:0 за да се збогати двојната прослава. На крајот малку и претераа со инвазијата на терен по завршувањето на мечот и во обидот да се пресметаат со симпатизерите на Пелистер, популарните „Чкембари“, но сепак се се заврши без сериозен инцидент.