НЕПРИЈАТНИ И НЕПОТРЕБНИ СЦЕНИ НА ТРЕТИОТ ФИНАЛЕН МЕЧ

Што сакаа „соколите“? (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Не им беше мило на гостинските играчи и стручен штаб, а особено на раководството на Карпош Соколи, што во најголем дел од дуелот во СЦ „Јане Сандански“ беа во негатива, а на крајот и загубија од МЗТ Скопје со резултат (86:80). Нивната реакција можеше да донесе посериозни последици, дури и прекин на овој трет дуел од финалната серија на плеј-офот. 

објавено: 19 мај 2017 - 21:54

Карпош Соколи загуби и на второто гостување во „Јане Сандански“. МЗТ Скопје беше подобар за шест поени (86:80), па сега повторно има контрола во финалната серија која треба да го даде новиот шампион на Македонија.  

Но за разлика од претходното гостување во Аеродром, на ова вечерашното, „карпошовци“ покажаа и и нешто што нема ама баш никаков допирен дел со кошаркарската игра.

Нервозата од игралиштето, не само поради лошата игра, беше пренесена и на трибините. Па сето тоа премина во нешто надвор од кошаркарските рамки.

Се некако тргна со техничката грешка која ја доби Доминик Мавра поради т.н. “флопинг“, односно глумење. Тоа предизвика огромна реакција од трибините. Пред се на оној дел на кои беа сместени претставниците на раководството на клубот од Карпош. 

Сето тоа се закануваше да прерасне во нешто поголем, дури и до целосен прекин на овој натпревар во кој „соколите“ беа во постојана резултатска негатива.