Не сакаат со соседите од Шведска

Цел Копенхаген навива за Вардар: Победете го Малме ќе ве честиме пиво

ФК Копенхаген и ФФ Малме си имаат свој фудбалски ривалитет, двата града се оддалечени само четириесеттина километри, а навивачите на данскиот клуб имаат интересна понуда за симпатизерите на Вардар

објавено: 16 јули 2017 - 16:10

ФК Копенхаген и ФФ Малме си имаат свој ривалитет, двата града се оддалечени само четириесеттина километри, а навивачите на данскиот клуб имаат интересна понуда за симпатизерите на Вардар, пред реваншот во Струмица, задутре против Малме. Првиот меч на „Сведбанк“ арена заврши нерешено, 1:1, а победникот од овој двомеч ќе му биде ривал на ФК Копенхаген во третата квалификациска рунда за настап во Лигата на шампионите. И Данците навиваат за Вардар, а против Малме, па на социјалните мрежи се појавија интересни понуди.

„Ајде Вардар победете го Малме и сите имате бесплатно пиво на гостувањето кај нас во Копенхаген. Навиваме за Вас“, е една од пораките на социјалните мрежи.

Копенхаген е речиси сигурен патник во третата квалификациска рунда, по победата над Жилина со 3:1 на гостински терен. Вардар и Малме се уште ја немаат решено дилемата, но „црвено-црните“ имаат добар резултат од гостински терен и во вторник од 18 часот ќе треба да стават печат на пласманот во третото коло.

 

Најново во Фудбал