РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ПРОМОВИРАН ВО ЛЕВАНТЕ

Барди: Отсекогаш сонував да играм во Шпанија

Македонскиот бисер, Енис Барди и официјално е нов член на Леванте со кого потпиша договор до 2020 година со можност за продолжување на истиот на две години. Според тамошните медиуми, неговиот трансфер од Ујпешт во Леванте „тежи“ 1,5 милиони евра. 

објавено: 17 јули 2017 - 15:20

ТРАЈАН МАНЕВСКИ

Македонскиот бисер, Енис Барди и официјално е нов член на Леванте со кого потпиша договор до 2020 година, со можност за продолжување на истиот на две години. Според тамошните медиуми, неговиот трансфер од Ујпешт во Леванте „тежи" 1,5 милиони евра.

„Ми се оствари сонот, цела моја кариера чекав да заиграм за клуб од Шпанија. Им благодарам на моите менаџери, на Ујпешт, на фановите, на репрезентацијата и на сите оние коишто ми даваа поддршка. Пред мене е нов предизвик, морам да продолжам со исто темпо“, ни изјави Енис Барди.

Македонскиот бисер открива дека во изминатиот период за неговите услуги биле заинтересирани неколку клубови, но кога ја добил понудата од шпанскиот прволигаш воопшто не се двоумел каде ќе ја продолжи кариерата. 

„Имав повеќе понуди меѓу кои од Видеотон и Данамо Загреб, како и неколку италијански клубови. Но кога дојде понудата од Леванте не се двоумев каде ќе ја продолќам кариерата“, додаде Барди, кој утре попладне ќе се претстави пред шпанските новинари.

 

Најново во Фудбал