Две странски засилувања во Струмица

Боуен прв Американец во македонската лига, ќе игра за Академија Пандев со италијанскиот ас Грифони

Горан Пандев има сериозни намери со својот клуб Академија Пандев, а за првпат во македонската Прва Лига ќе игра фудбалер од Соединетите Американски Држави. Тревис Боуен потпишпа едногодишен договор, а доаѓа од погонот на познатиот американски тим Лос Анџелес Галакси и има 28 години. Со него едногодишен договор потпиша и Џулио Грифони од Италија

објавено: 19 август 2017 - 16:25

Горан Пандев има сериозни намери со својот клуб Академија Пандев, а за првпат во македонската Прва Лига ќе игра фудбалер од Соединетите Американски Држави. Тревис Боуен потпишпа едногодишен договор, а доаѓа од погонот на познатиот американски тим Лос Анџелес Галакси и има 28 години. Пред да пристигне во редовите на струмичани Боуен настапувал за резервниот состав на Л.А. Галакси. Со него во редовите на Академците доаѓа и италијанскиот фудбалер Џулио Грифони, кој има 24 години. Тој неодамна го раскина договото со Месина и во Струмица доаѓа како слободен играч.

Нивното деби се очекува на 27. август против Шкендија.

 

Најново во Фудбал