Една акција и магија се стори за Вардар - Шампионот го победи Работнички со 1:0

Една одлична акција му беше доволна на шампионот Вардар со победа од 1:0 против Работнички да ја заврши полусезоната во домашното првенство

објавено: 13 декември 2017 - 14:54

Една одлична акција му беше доволна на шампионот Вардар со победа од 1:0 против Работнички да ја заврши полусезоната во домашното првенство.

Хуан Фелипе доби пас од позадина, на прва топка го проигра Тигран Барсегјан, а Ерменецот лесно погоди во 78. минута од скопското дерби. Се играше заостанатиот меч од 12. коло, како последен во есенскиот дел од Првата лига, а Вардар беше подобар и со еден гол ја круниса комплетната иницијатива против ослабениот Работнички.

Пред голот на Барсегјан, Максим Максимов промаши зицер, а потоа и Бобан Николов од чиста позиција го погоди левиот дирек на одличниот голман на „романтичарите“. 

По 18 рунди од првиот дел од шампионатот Шкендија е лидер и есенски првак со 46 бодови, пред Вардар со 38. 

Еве ја комплетната табела:

Шкендија 46, Вардар 38, Силекс 31, Академија Пандев 25, Работнички и Шкупи по 23, Победа 19, Ренова 18, Пелистер 16, Скопје 10.

Најново во Фудбал