Дербито за домаќините

Фудбалска лекција за шампионот, Шкендија го декласира Вардар (2:0)

Шкендија го доби првото големо дерби во новата сезона против Вардар и тоа неочекувано лесно со 2:0, но и со супериорна игра и со многу шанси да му нанесе катастрофа на актуелниот првак

објавено: 12 август 2017 - 19:00

Шкендија го доби првото големо дерби во новата сезона против Вардар и тоа неочекувано лесно со 2:0, но и со супериорна игра и со многу шанси да му нанесе катастрофа на актуелниот првак. Тетовци беа многу подобри, порасположени за игра и заслужено славеа, а можеа да победат и поубедливо.

Арменд Алими со еврогол во 61. минута ја начна мрежата на Филип Гачевски. Ол-раунд играчот на Шкендија со удар од 25 метри го погоди аголот на гостинскиот гол. Гачевски кој и покрај поразот е еден од најдобрите на дербито беше немоќен, а пак ја вадеше топката за кусо време. Во 66. минута и Жуниор беше прецизен, со што ја запечати судбината на шампионот. Вардарци како да побегнаа од мегдан со вицешампионот и ако брзо не се освестат ги чека тежок двомеч со Фенербахче за настап во Европа Лигата. Шкендија исто така ќе игра за настап во ЛЕ, со гигантот Милан.

Покрај дербито, денеска и во Скопје се играше меч од првото коло во новото издание на македонската Прва Лига, а без голови одиграа Работнички и Ренова.

Најново во Фудбал