Шампионот најде замена за Балотели

Итало нов Бразилец во Вардар

Шампионот Вардар брзо најде замена за напаѓачот Балотели, а неговиот сонародник од Бразил, Итало, ќе биде ново засилување за „црвено-црните“

објавено: 12 август 2017 - 17:40

Шампионот Вардар брзо најде замена за напаѓачот Балотели, а неговиот сонародник од Бразил, Итало, ќе биде ново засилување за „црвено-црните".

Балотели замина во Катар во клубот Ал Гарафа, па сега во нападот на Вардар ќе го менува 177-сантиметри високиот Итало. Тој доаѓа од Клуб де Регатас Бразил, или скратено ЦПБ, а бил член и на познатиот Сао Паоло, за кого има 13 настапи. Ова е прв европски клуб за Итало, а негова промоција се очекува деновиве.

Најново во Фудбал