БИТОЛЧАНИ ЌЕ ИГРААТ ВО ПОЛСКА

Пелистер го доби Лех Познан

Освојувачот на Купот на Макдонија, екипата на Пелистер, ќе игра против Лех Познан, во квалификациите од Лигата на Европа. Според ждрепката во Нион, битолчани ќе бидат гости на првиот натпревар, а реваншот ќе го играат пред своите навивачи.

објавено: 19 јуни 2017 - 13:15

Освојувачот на Купот на Макдонија, екипата на Пелистер, ќе игра против Лех Познан, во квалификациите од Лигата на Европа. Според ждрепката во Нион, првиот меч се игра на 29 јуни во Полска, додека реваншот во Струмица на 6 јули.

„Веруваме во чудо, секако дека добивме за ривал силна екипа но ако можевме од трета лига што се вели да дојдеме до Европа можеме да се надеваме на чудо. Го цениме ривалот и неговиот квалитет но наше е да се бориме машки за да поминеме во следната рунда" ни изјави Благоја Кочевски, директорот на Пелистер.

Најново во Фудбал